Ласе Андерсон упати бомба со брзина од 140 километри на час во финишот на првото полувреме во мечот за третото место во Келн, играчите бегаа од топката, која заврши во пречката на голот на Кјелце.
Прекрасен удар, најсилен шут во дуелот што Барселона го доби со 40:35 и веројатно и најатрактивниот момент во малото финале, иако не беше гол.
Данскиот репрезентативец постигна три гола, Барса за утеха ја освои бронзата во Лигата на шампионите, а вие можете овде да го погледнете разорниот удар на Андерсон од огромна далечина.
It didn't go in, but this shot from @LAndersson94 was a massive 140km/h. Blink and you miss it.
🚀🚀🚀🚀@FCBhandbol #veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/Oos5lvAfzW— EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019