Реал Мадрид како лидер во шпанското првенство ќе ја дочека Новата 2024 година. Овој успех е поголем ако се знае дека во првиот дел од сезоната Кралскиот клуб имаше големи проблеми со повредени играчи кои отсуствуваа подолг период.
Тоа што го најавува весникот „Марка“, Реал Мадрид за новогодишниот период може да очекува враќање на дури петмина играчи кои во изминатиов период не играа. Дани Карвахал, Едуардо Камавинга, Ферлан Менди, Арда Ѓулер и Винисиус Јуниор во следниот период треба да се приклучат во тренажниот процес со првиот тим.
Главна цел е што е можно повеќе фудбалери од овие кои се уште на рехабилитација, да бидат подготвени за настап на шпанскиот Супер куп кој ќе се игра во период од 10 до 14 јануари во Саудиска Арабија.
Мали се шансите сите да бидат целосно опоравени, но сигурно деќа тренерот Анчелоти ќе има многу поголем избор на фудбалерите со кои ќе игра во полуфиналето против Атлетико Мадрид. Во второто полуфинале ќе играат Барселона и Осасуна.