12.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Најубавиот гол вечерва во ЛШ го постигна Гати од Јувентус (Видео)

Федерико Гати од Јувентус вечерва против Вилјареал во Валенсија постигна атрактивен гол со ножички и тоа е прв гол во Лигата на шампионите на ваков начин по пауза од две години.

Пред Гати, гол со ножички во ЛШ даде Рафаел Леао од Милан во ноември 2023 година.

А, за да се сетите кој беше претходниот погодок за Јувентус во ЛШ со ножички, ќе треба да се вратите во 1998 година, кога вака атрактивно погоди легендата Филипо Инѕаги против Галатасарај.

Старата дама и Жолтата подморница ремизираа 2-2, а ова е голот на Гати:

- Оглас -

Најнови вести