10.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Најубедлива победа на Работнички над Шкупи во последните 17 години

Работнички го совлада Шкупи со 3-0 во првиот денешен прволигашки меч и ова е највисока победа на Работнички во меѓусебните дуели од 2009 година наваму.

За Црвено-белите кои се сериозно загрозени од испаѓање, ова беше втора победа по ред, откако во минатото коло славеа и против Брера Струмица, па дебармаалци покажуваат оти не се откажале од опстанокот. Работнички првпат сезонава го победи Шкупи, откако есеноска на „Чаир“ беше нерешено.

Никола Манојлов и Сухејљ Мухарем второ коло по ред со свои погодоци придонесуваат за победи. Манојлов со убав гол го отвори резултатот, а Мухарем зимава дојде во Работнички од Шкупи, па не го прослави својот гол од почит кон поранешниот клуб кој е во голема криза и следната сезона ќе биде второлигаш.

Третиот гол беше дело на младинскиот репрезентативец Матеј Ангелов кој денеска влезе од клупата за резерви и на кого ова му е прв гол сезонава.

- Оглас -

Најнови вести