Најважните статистички податоци низ историјата на СП

Светското фудбалско првенство, број 22 започнува денеска во Катар. Во 92-годишната историја на Мундијалите има најразлични статистички податоци, а ние ви ги откриваме најинтересните.

0 – Од учесниците на СП, ниту еден гол немаат постигнато Канада, Кина, Индонезија, Тринидад и Тобаго и Заир.

1 – Играчот кој го постигнал првиот гол во историјата на СП е Лусијен Лорен од Франција во 1930 година.

1 – Единствениот гол директно од корнер го има дадено Маркос Кол од Колумбија во 1962 година.

2 – По два хет-трика на СП имаат: Шандор Кочиш (Унгарија), Жист Фонтен (Франција), Герд Милер (Германија), Габриел Батистута (Аргентина).

3 – Пеле е единствен фудбалер со три титули светски првак.

5 – Олег Саленко од Русија постигна пет погодоци на дуелот против Камерун во 1994 година.

5 – Бора Милутиновиќ со пет различни селекции бил селектор на СП: Мексико, Костарика, САД, Нигерија, Кина.

7 – Хавиер Маскерано со седум жолти картони е најопоменуваниот играч на СП.

8 – Ласло Киш од Унгарија успеал да постигне хет-трик за само осум минути.

9 – Најголема разлика во победа: Унгарија – Јужна Кореја, Југославија – Чаир, Унгарија – Ел Салвадор.

11 – најбрзо добиен жолт картон има Хесус Гаљардо од Мексико кој „пожолте“ за 11 секунди.

11 – најмногу мечеви со бар еден даден гол имаа Бразилецот Роналдо и Мирослав Клосе.

12 – најмногу голови на еден меч биле постигнати на дуелот Австрија – Швајцарија кој завршил 7:5.

13 – Жист Фонтен има 13 погодоци на едно Светско првенство.

16 – Клосе е рекордер со 16 голови во историјата на Мундијалите.

18 – најмногу досудени пенали се за Шпанија.

21 – најмногу нерешени мечеви на СП имаат Италија и Англија.

25 – Лотар Матеус е рекордер по бројот на одиграни средби.

27 – Мексико има најмногу порази.

28 – најмногу црвени картони на еден Мундијал имало во 2006 година.

29 – најмногу пенали на СП имаше во Русија пред четири години.

44 – најголема пауза меѓу две титули има Италија, од 1938 до 1982 година.

56 – најбрзо добиен црвен картон е тој на Хосе Батиста од Уругвај кој беше исклучен за 56 секунди.

73 – Бразил има најмогу победи на СП.

122 – најмногу различни стрелци на СП имаше во Русија пред четири години.

125 – Германија има примено најмногу голови.

171 – Најмногу постигнати голови имаше во 1998 и 2014 година.

229 – Бразил е најефикасната селекција со 229 погодоци на СП.

345 – Најмногу покажани жолти картони имаше на СП 2006.

517 – Валтер Зенга е голманот со најмногу минути без примен гол, дури 517.

1.000 – Роб Ренсенбрик од Холандија е стрелец на јубилејниот 1.000 гол на СП.

2.000 – Маркус Олбак од Шведска е стрелец на јубилејниот 2.000 гол на СП.

2.217 – Паоло Малдини има одиграни 2.217 минути на Мундијалите и тој е рекордер во оваа категорија.

- Оглас -

Најнови вести