Поради инцидентите направени за време на фудбалскиот меч меѓу Албанија и Србија одигран во Тирана минатиот месец, домашната Федерација е казнета со 173.000 евра, одлучи ФИФА. Оваа казна е поради непростојното и недоличното однесување на навивачите на Албанија, кои фрлаа предмети на теренот, кои погодија дел од српските фудбалери, како и навреди кон гостите.
По оваа казна на ФИФА, со реакција се јавија и најверните фанови на албанската фудбалска репрезентација кои не добија дозвола, ниту билети да присуствуваат на овој меч против Србија.
„Еднаш беше одлучено да се исклучат ТКЗ (навивачите на Албанија, таканаречените „црвено-црни навивачи“) од дистрибуцијата на билети и еве го резултатот: казна од 173.000 евра. Толку голема парична казна никогаш не се случила, дури ни кога сите навивачи биле присутни на стадионот. Ова е „контролирано управување“ со билетите од страна на Фудбалската федерација на Албанија. Ова е вистински одраз на политиката кон нејзините лојални фанови“, се наведува во соопштението.
Албанија и Србија ремизираа без голови на дуелот во Тирана, кој беше во рамките од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Освен паричната казна, Албанија доби дополнителна суспензија од ФИФА, а за тоа може да прочитате ТУКА.
View this post on Instagram