Најжестоките албански навивачи се огорчени, нема да бидат на дуелот против Србија

Албанија на својот стадион во Тирана нема да ја има поддршката од најжестоките навивачи, и тоа за дуелот против Србија. За првпат во 21-годишното постоење на навивачката група Tifozat Kuq e Zi тие нема да бидат на трибините на меч на којшто Албанија игра како домаќин.

Членовите на оваа навивачка група се огорчени поради тоа што сметаат дека првите луѓе во Фудбалската федерација на Албанија намерно ги исклучиле од опцијата да добијат билети и има фаворизирање за приватни интереси.

Најголема забелешка има за начинот на којшто се дистрибуираат билетите и според нив, воопшто билетите не се делеле „по случаен избор и лотарија“.

Еден билет за дуелот Албанија – Србија се продаваше за цени од 150, па до 1.000 евра.

„Незамисливо е дека едно просечно албанско семејство, двајца родители со две деца, да мора да платат 600 евра за да гледаат еден меч. Тоа е исто како да одат една недела на одмор во јуни“, стои во реакцијата на навивачката група.

 

- Оглас -

Најнови вести