Судот за спортска арбитража му ја намали суспензијата на Нејмар на два меча, иако претходно годинава доби казна од три меча неиграње во рамките од УЕФА натпреварување. Сега ѕвездата на ПСЖ ќе го пропушти утрешното дерби против Реал Мадрид, како и гостувањето во Истанбул против Галатасарај за две недели.
Знаејќи дека сè е во ред со неговото здравје, тоа го покажа и изминатиов викенд, Нејмар во ЛШ ќе може да настапи во третото коло, кога Светците на 22 октомври ќе гостуваат кај Клуб Бриж.
Инаку Нејмар ја заработи суспензијата по навредливите коментари кон арбитрите по елиминацијата на ПСЖ против Манчестер јунајтед во осминафиналето.