Експедицијата на Аталанта имала немирна ноќ во хотелот „Радисон“ во Манчестер откако дури шестпати се огласувал алармот за пожар и фудбалерите не можеле на раат да спијат и да одморат во пресрет на вечерашниот дуел со Манчестер јунајтед.
Од клубот од Бергамо нема реакција и жалба, но сопругата на Руслан Малиновски, Оксана, објави за „инцидентот“ на социјалните мрежи. Оксана смета дека ова е направено намерно и побара тоа да им биде направено и на Црвените ѓаволи кога ќе гостуваат во Италија во следното коло.
Една друга гостинка во хотелот потврди дека алармот свирел гласно утрово во 4.51 часот, во 5.00, во 5.36, во 6.11, 6.31 и 7.13 часот.
Значи, кој спиел до 4.50 часот спиел, после тоа, тешко.