Фудбалскиот сојуз на Србија реши жестоко да го казни клубот Текстилец Оџаци поради наместениот натпревар од 28 коло во Суперлигата против ИМТ.
Текстилец Оџаци од следната сезона ќе игра во понизок ранг откако доби жестока казна со одземање на бодови и висока парична глоба поради наместениот меч од 28 коло во Суперлига, кој заврши со победа на ИМТ од 2:1.
На овој тим му беа одземени шест бода, а казната изнесува два милиони динари (околу 16.000 евра). Одземањето на бодови значи и испаѓање на овој клуб од Суперлигата, бидејќи имаат 28 бода на три кола до крајот и не можат ниту да стигнат до плејофот.
На Текстилец му е активирана условната казна со одземање на бодови поради наместени резултати од минатата сезона. Тогаш тие ги местеле резултатите на дуелите против ФК Младост ГАТ и ОФК Вршац.
На спорниот дуел од 28 коло од оваа сезона меѓу Текстилец и ИМТ, обложувалниците добиле необично висок број на уплати за победа на гостите во меч кој ќе има три или повеќе голови. На крајот гостите победија со 2:1. Голот за поеда ИМТ го постигна во судиското надополнување.