Наместо да слави, навивач на Гана се силеше на девојки од Јужна Кореја (Видео)

Навивачите на Гана имаа многу причини за славење по дуелот со Јужна Кореја затоа што нивната селекција стигна до победа од 3:2. Црните ѕвезди од Африка сега имаат четири бода и се на добар пат да ја поминат групната фаза на Мундијалот во Катар.

Драматично беше на стадионот на мечот на кој Гана водеше со 2:0, Јужна Кореја стигна до 2:2, а потоа Гана постигна и трет погодок, кој на крајот се покажа како клучен за триумфот.

Во моментите кога Гана го даде третиот гол, на трибините на стадионот се случи една необична ситуација. Додека најголем дел од навивачите на Гана се радуваа и заедно прославуваа, еден симпатизер на оваа репрезентација реши да се расправа со девојки од Јужна Кореја.

Трите девојки кои беа седнати меѓу фановите на Гана мирно гледаа додека фановите на Гана се радуваа, а еден од нив се сврте и почна да им се дере во лице покажувајќи дека Гана има три гола, а Јужна Кореја само два. И додека навивачот урлаше кон девојките, тие беа смирени и не му обрнуваа многу внимание и со аплауз се обидуваа да им дадат поддршка на своите миленици да се обидат да се вратат уште еднаш во мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести