Ворскла Полтава со 2:1 победи на гости кај Верес-Ривне во меч од четвртото коло во првенството на Украина, што беа и први бодови за овој клуб во новото првенство. Верес-Ривне остана само со еден бод од четири меча и е во зоната на испаѓање.
Сите три гола беа постигнати во првите 20 минути. Гостите поведоа благодарение на автогол, а потоа во 18-тата минута зголемија на 2:0.
По ова водство, фудбалерите на Ворскла добија поголема самодоверба, но тоа им се врати како бумеранг. Гостинските дефанзивци заедно со голманот се обидоа да организираат акција од нивниот шеснаесетник, но наместо да тргнат во напад, ја загубија топката, потоа несмасно реагираа и на крајот примија бизарен гол. Едноставно, начинот на којшто играат големите европски клубови не е и за екипи од послабите лиги.
Голот може да го видите ТУКА.