Нани потсети на најдобрите денови, со проектил го урна Интер Мајами (видео)

Луис Нани, поранешниот португалски репрезентативец и некогашна ѕвезда на Манчестер јунајтед, со феноменален погодок му донесе три бода на Орландо на гостувањето кај Интер Мајами. Неговиот проектил во 80-тата минута ја запечати победата од 2-1, односно четвртиот пораз во низа на клубот со кој раководи англиската икона Дејвид Бекам.

Нани потсети на деновите кога слични вакви погодоци забиваше во дресот на Црвените ѓаволи, со мајсторијата ги компелтираше фуриозните 15-тина минути во кои паднаа трите гола, почнувајќи од Игуаин во 67-та минута, односно израмнувањето на Мелер во 73-тата минута.

https://twitter.com/MLS/status/1408608231325327362

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести