Нант е казнет со 21.000 евра за палење факли во чест на Сала

Францускиот прволигаш Нант е казнет со парична казна од 21.000 евра откако неговите навивачи палеа факли за време на мечеви од Лигата во чест на загинатиот поранешен напаѓач на овој клуб Емилијано Сала.

Дисциплинската комисија на Лига 1 го казни Нант со 16.500 евра за палење факли и нивно фрлање на теренот на 30-ти јануари, на мечот против Сент Етјен, а уште 4.500 евра за сличен случај во кој навивачите на Нант во дуелот против Ним исто така палеа во чест на Сала.

Аргентинецот Сала од Нант требаше да се пресели во премиерлигашот Кардиф сити, но на 21-ви јануари авионот со којшто од Франција патуваше за Велика Британија, каде што требаше да му се приклучи на новиот тим, падна во каналот Ла Манш. На трети февруари беше најдено телото на Сала.

Сега во тек е судски спор околу тоа дали Кардиф треба да му плати на Нант за трансферот на покојниот фудбалер, кој не стигна да одржи ниту тренинг со новиот тим за којшто потпиша. Првата рата од 17-те милиони евра треба да се плати до 27-ми февруари.

- Оглас -

Најнови вести