Нант остана во Лига 1 благодарение на правилото кое за неколку дена нема да постои

Екипата на Нант и во следната сезона ќе игра во Лига 1 во Франција, иако вечерва загубија на свој терен од Тулуз. Нант дома беше поразен со 0:1, но благодарение на победата од 2:1 во првиот меч на гостински терен го задржаа прволигашкиот статус.

По двата меча, и Нант и Тулуз дадоа по два гола, но Нант се радуваше на крајот, и тоа багодарение на повеќе погодоци дадени на гостински терен. Токму правилото за гол повеќе на гости од следната сезона ќе биде укинато, неодамна одлучи УЕФА.

Тулуз испушти шанса по една година во Втора лига да се врати меѓу елитното фудбалско друштво во Франција, и тоа поради правилото кое за неколку дена нема да постои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести