УЕФА во историја го прати правилото што постоеше 56 години, а сите сакаа да исчезне

Комитетот за натпреварување при Европската фудбалска федерација (УЕФА), донесе одлука дека од наредната сезона повеќе нема да важи правилото за гол постигнат на гостински терен. Ова правило со години беше многупати и решавачко за тоа кој клуб ќе продолжи во следната фаза, иако по двомечите, двата тима имаа постигнато ист број на голови.

Правилото за гол на гости беше воведено во време кога се правеше фудбалот да стане поатрактивен, гостите да не се бранат, туку да се обидат да погодат и да се стекнат со предност. Прв пат се примени пред 56 години во тогашниот Куп на куп победниците.

Сепак, во последните години, фудбалот многу се смени и тоа правило за гол на гости, едноставно им сметаше на многу од екипите. голот на гости важеше и по 90 минута, односно во продолженијата 2 по 15 минути што во тој момент го правеше фаворит еден од двата тима.

 

- Оглас -

Најнови вести