20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Нант разбиен во Данска, Лазаров скромен

Македонскиот ракометен репрезентативен капитен Кирил Лазаров постигна само два гола на гостувањето на неговиот клуб Нант кај Алборг. Данскиот тим победи со 32-24 и дојде до четврта победа во четири кола во групата Б. Нант има една победа и три порази. Нант беше надигран, во двете полувремиња примија по 16 гола.

Лазаров средбата ја заврши со два гола од пет шута. Кире имаше реализација 2/4 во шутевите од игра, а го утна едниот седмерец кој го изведе.

- Оглас -

Најнови вести