Бекот на Мајами хит, Дион Вејтерс (27), имал напад на паника за време на летот додека тимот патувал од Феникс кон Лос Анџелес, и тоа не од страв од летање, туку бидејќи наводно се прејал од гумени бонбони.
По слетувањето, му била укажана лекарска помош, и не настапи на гостувањето на Мајами против ЛА Лејкерс, поради болест. Потоа тој се врати со екипата во Мајами.
Но, вистината е поинаква. Подоцна се утврди дека не бил проблемот кај гумените бонбони, туку кошаркарот јадел колачиња кои содржеле и одредена количина на ТХЦ. Марихуаната е легална на еден или друг начин во 33 сојузни држави во САД, но НБА лигата забранува нејзино користење.