Најбанална причина за да не игра: Се прејал гумени бонбони и паднал во несвест

Мајами загуби на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс со 95:80, а на овој меч се очекуваше дебито во новата сезона да го има Дион Вајтерс. Тоа е играчот кој ги пропушти првите девет средби од сезоната откако доби клупска суспензија поради недолично однесување.

Синоќа се очекуваше да заигра, но повторно не беше на теренот, а официјалното соопштение од Мајами беше дека го пропуштил дуелот поради болест. Сепак, не се работи за класична болест, туку за несвестица која настанала од банална причина.

За време на летот од Феникс кон Лос Анџелес било јавено дека на еден играч му е потребна лекарска помош. Подоцна било објаснето дека Вајтерс е играчот на кого му требало лекарска помош и тоа затоа што паднал во несвест поради тоа што изел премногу гумени бонбони.

 

 

- Оглас -

Најнови вести