Напаѓач платен 23 милиони евра, а во 30 меча немаше ни гол, ни асистенција

Напаѓачот Рaјан Брустер важеше за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал. Играчот кој ги помина сите младински категории во Ливерпул пред почетокот на сезоната беше купен од Шефилд јунајтед, и тоа за сума од 23 милиони евра. По завршување на сезоната се покажа дека Бревсвер може да се нарече дека е најголемото фудбалско промашување.

Играчот кој требаше да биде главна опасност за противничките голови одигра 30 меча, во кои не успеа да даде ниту еден гол, а немаше ни една асистенција. Со ваков играч во нападот неизбежно беше Шефилд јунајтед да испадне од Премиер лигата. Брустер има договор со Шефилд до 2025 година и сега ќе треба во Чемпионшип да го покаже својот талент.

 

- Оглас -

Најнови вести