27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Напаѓач со пет ѕвездички: Халанд за 58 минути даде пет гола (Видео)

Еринг Халанд со пет гола го разби Лутон и придонесе за победата на Манчестер сити од 6-2 во овој дуел од осминафиналето во англискиот ФА куп.

Норвешкиот голгетер вторпат во дресот на Сити дава пет гола на еден меч, првиот пат во минатата сезона против Лајпциг во Лигата на шампионите. При првите четири гола на Халанд вечерва, асистент беше Кевин де Бројне.

Халанд головите ги даде од трета до 58-мата минута, а во 77-мата минута беше повлечен од игра и замина на заслужен одмор.

Иако Лутон беше тимот кој го даде најубавиот гол вечерва, оној за 1-3 во финишот на првото полувреме, сепак домашните беа тотално немоќни против разиграниот Халанд.

https://twitter.com/i/status/1762589356580073933

- Оглас -

Најнови вести