Офанзивците на Јувентус, Федерико Кјеза и Алваро Мората погодија на спротивните страни во ситуација кога играат еден против друг, а Италија и Шпанија ќе играат продолженија по ремито 1:1 на „Вембли“, по регуларниот дел на првото полуфинале на Европското првенство.
Кјеза го постигна вториот гол на ЕП за Италија откако во 60-тата минута реагираше мајсторски и со убав удар им донесе предност од 1:0 на Аѕурите.
Мората не беше стартер кај Шпанците, влезе во игра во 70-тата минута на местото на Ојарзабал и десет минути подоцна со третиот гол на првенството израмни на 1:1.
Тоа беше конечен резултат по регуларниот дел, па на „Вембли“ ќе се играат продолженија од двапати по 15 минути. Ако и тогаш нема победник, за првиот финалист на ЕП ќе одлучуваат пеналите.
Утре од 21 часот повторно на „Вембли“ во Лондон ќе се игра второто полуфинале меѓу Данска и Англија.