Нова мајсторија на Кјеза, ја води Италија кон финалето на ЕП (Видео)

Федерико Кјеза повторно одигра маестрално и постигна прекрасен гол за Италија, со кој Аѕурите од 60-тата минута водат со 1:0 против Шпанија во полуфиналето на Европското првенство.

Напаѓачот на Италија и на Јувентус мајсторски одигра против одбраната на Шпанија и со убав удар ја затресе мрежата на Унаи Симон.

Голот на Кјеза во 60-тата минута со кој Италија води со 1:0 на „Вембли“ можете да го погледнете ОВДЕ.

Шпанија имаше иницијатива, но по еден контранапад, најпрво Имобиле не успеа, но тука беше Кјеза за нов мајсторски потег и гол што ја доближи Италија до финалето на ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести