Напаѓачите вечерва надоместија за вчерашниот „пост“ и на шест натпревари дадоа 30 гола, Барселона виси за нокаут-фазата

Супер ефикасни беа шесте натпревари во вечерната програма од четвртото коло во Лигата на шампионите, беа постигнати дури 30 гола.

Оваа ефикасност е тотална спротивност на вчерашните вечерни дуели во ЛШ, кои завршија најмногу со по два гола.

Барселона одигра 3:3 со Интер на „Камп ноу“ и ги задржа минималните шанси за освојување на второто место во групата Ц, кое носи пласман во нокаут-фазата.

Барселона по четири кола има четири бода, додека Интер има седум, но и подобар скор со каталонскиот тим. Барселона поведе со голот на Дембеле во 40-тата минута, но во вториот дел Интер постигна два гола преку Барела и Лаутаро Мартинез за 1:2. Левандовски во 82-рата минута израмни на 2:2, а нов шок за домашните фанови им предизвика Госенс во 89-тата минута. Левандовски во судиското продолжение успеа да ја спаси Барселона од пораз.

Првото место во групата Ц е резервирано за Баерн Минхен, кој со 2:4 славеше на гостувањето кај Викторија П’лзењ и сега има 12 бода.

Најефикасен натпревар беше тој што се играше во Глазгов, каде што Ливерпул со 7:1 славеше на гостувањето кај Ренџерс. Конечно проработе Мохамед Салах, кој постигна три гола.Двапати во листата на стрелци се запиша Роберто Фирмињо, а по еднаш Дарвин Нуњез и Харви Елиот. Почесниот гол за Ренџерс го даде Арфилд.

Ефикасно беше и во Лондон, каде што Тотенхем со 3:2 го совлада Ајнтрахт Франкфурт благодарение на двоецот Хеунг-мин Сон и Хари Кејн. Двајцата напаѓачи во првото полувреме му донесоа предност на Тотенхем од 3:1, а во вториот дел Алиду во финишот намали на 3:2. Олимпик Марсеј со 0:2 славеше на гостувањето кај Спортинг и се вмеша во трката за првите две позиции во групата Д. Тотенхем е лидер со 7 бода, а Марсеј и Спортинг имаат по шест.

Порто со 0:3 го победи Баер Леверкузен и го помина Атлетико Мадрид на табелата.

Во првите два натпревари беа постигнати шест гола, Наполи со 4:2 го совлада Ајакс, а единствен натпревар на кој денеска немаше голови во ЛШ беше тој што се играше на „Ванда Метрополитано“ меѓу Атлетико Мадрид и Бриж.

- Оглас -

Најнови вести