-2.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Напаѓачот на Јувентус се врати на тренинзите по пауза од 550 дена

Полскиот интернационалец, Аркадиуш Милик, по пауза од 550 дена конечно се врати на тренинзите на Јувентус. Тој беше надвор од терените една ипол година, откако во мај 2024 година му настрадаа предните вкрстени лигаменти на коленото, а неговата рехабилитација траеше предолго.

Навивачите на Јувентус веќе и подзаборавија на него, но „старата дама“ неочекувано ќе добие големо засилување за продолжението од сезоната.

Милик во Јувентус пристигна во 2022 година и тоа на позајмица од Марсеј, а откако ги исполни очекувањата доби и договор. На 75 меча за „старата дама“ постигна 17 гола, а последниот настап го имаше во мај 2024 година против Монца, кога и се повреди.

- Оглас -

Најнови вести