Германскиот напаѓач во редовите на Вест хем, Никлас Фулкруг, заработи сериозна повреда на дуелот против Астон вила во 16-финалето од ФА Купот на Англија. Фулкруг играше 15-тина минути период во кој Вест хем имаше водство на гостувањето кај Бирмингем, а потоа поради повреда мораше да го напушти теренот. Во продолжение на дуелот Астон вила направи пресврт и победи со 2:1.
По направените лекарски прегледи на Фулкруг, констатирано е дека има посериозно истегнување на бутниот мускул на левата нога и прогнозите се дека ќе треба да паузир во следните три месеци.
Тоа значи дека пропаѓа можноста на Вест хем да го продаде Фулкруг во зимскиот преоден рок, што беше една како можните опции. Поранешниот голгетер на Борусија Дортмунд сигурно нема да биде на располагање ниту на селекторот на германската репрезентација јулијан Нагелсман за полуфиналните мечеви од Лигата на нации против Италија кои се играат на 20 и 23 март.