Наполи рутински дојде до 20-тата победа сезонава во италијанската лига, го совлада Емполи со 3-0 и пак е само на три бода негатива зад лидерот Интер.
Скот Мектоминеј беше двоен стрелец, ги постигна својот седми и осми гол сезонава, што му е личен рекорд по ефикасност во кариерата откако игра во топ 5 лигите. Шкотланѓанецот минатата сезона, кога настапуваше за Манчестер јунајтед, даде 7 гола, што му беше рекорд, а сега го надмина тој скор.
Ромелу Лукаку исто така беше расположен вечерва, даде еден гол, а беше асистент при погодоците на Мектоминеј. Лукаку е единствениот покрај Мохамед Салах во топ 5 лигите со двоцифрен број и на голови и на асистенции сезонава.
Емполи во Серија А нема победа уште од 8-ми декември и претпоследен е на табелата, но има шанса за опстанок бидејќи 16-тиот Лече им бега само два бода, а до крајот на сезоната останаа уште шест кола.
Ова е голот за 1-0:
⚽️ GOAL: McTominay
🇮🇹 Napoli 1-0 Empolipic.twitter.com/bcReRg4HVz— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 14, 2025