Поранешниот италијански селектор Антонио Конте потпиша договор до 2027 година со Наполи, кој заврши на разочарувачкото десетто место во минатата сезона во Серија А.
Тој последен пат го водеше Тотенхем меѓу 2021 и 2023 година, а исто така беше и на кормилото на Јувентус, Челзи и на Интер.
„Неапол е место од глобално значење за италијанскиот и за европскиот фудбал. Среќен сум и возбуден од идејата да седнам на клупата на Наполи“, изјави Антонио Конте.
„Сигурно можам да ветам една работа, ќе дадам сѐ од себе за раст на тимот и клубот. Мојата посветеност, заедно со мојот стручен штаб, ќе биде целосна“, истакна искусниот стратег.
Un nuovo capitolo della nostra Storia inizia oggi.
Benvenuto Mister Conte! 💙Leggi la news 👉 https://t.co/e0FNt4l6Aw
#ConTe #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/gBTBhyZTwd— Official SSC Napoli (@sscnapoli) June 5, 2024