8.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Наполи го тресна Интер во дербито и го презеде врвот во Серија А (Видео)

Италијанскиот првак Наполи го победи Интер со 3-1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го презеде врвот на табелата во Серија А со 18 бода, еден повеќе од Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од дербито во Неапол.

Кевин де Бројне донесе водство за Наполи од пенал во 33-тата минута, но при изведувањето на најстрогата казна сериозно се повреди и мораше да го напушти теренот.

Скот Мектоминеј во 54-тата минута постигна прекрасен гол со удар од далечина, а пет минути подоцна намали Хакан Чалганоглу од пенал.

Сепак, дербито го заклучи Франк Замбо Ангиса кој во 66-та минута постигна трет гол за Наполи.

- Оглас -

Најнови вести