Наполи и Реал не дозволуваат никакво изненадување против Ајнтрахт и Ливерпул

Наполи со гол во последните моменти од првото полувреме стигна до предност од 1:0 на реванш-мечот против Ајнтрахт Франкфурт, додека на дуелот на европските гиганти Реал Мадрид и Ливерпул нема голови по првото полувреме.

Виктор Осимен им донесе голема радост на домашните фанови на „Диего Армандо Марадона“, а ако на оваа предност од 1:0 се додаде и победата од 2:0 на првиот дуел во Франкфурт, јасно е дека италијанскиот тим е пред пласман во следната фаза од ЛШ.

Реал Мадрид ја контролира играта и резултатот во дуелот против Ливерпул на меч на кој имаше возбудувања, но голманите одлично бранеа. Реал Мадрид има предност од 5:2 по првиот меч во Ливерпул, што значи дека во вторите 45 минути Кралскиот клуб само рутински треба да „го истроши времето“ и да биде дел од четвртфиналето.

Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Винисиус, кој промаши од чиста позиција.

- Оглас -

Најнови вести