Неверојатно е што му одбрани Алисон на Винисиус (Видео)

Реал Мадрид и Ливерпул го играат реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а по 20 минути игра нема голови. Кралскиот клуб многу повеќе напаѓа, а Алисон Бекер е најзаслужен што Ливерпул уште нема примено гол.

Алисон успеа да одбрани еден фантастичен удар на Камавинга, кој потоа заврши во пречката, но тоа не беше најдобрата шанса за домаќините. Винисиус јуниор не успеа да постигне гол од 100 остотна ситуација, кога неговиот удар го одбрани голманот на Ливерпул.

https://twitter.com/i/status/1636099166123196421

 

- Оглас -

Најнови вести