Наполи со 2:0 ја победи Аталанта и тимот од југот на Италија само потврдува дека е решен сезонава да го освои Скудетото. По 26 одиграни кола, Наполи има 68 бодови, дури 18 повеќе од Интер кој е второпласиран со 50 бодови.
Аталанта во првото полувреме даваше отпор и одолеваше на нападите на Наполи, но така беше до 60 минута. Тогаш на сцена стапи Квича Кварацкелија, кој се почесто го нарекуваат Новиот Марадона, а овојпат Грузиецот и зошто е тоа така. Кварацкелија доби една топка и со една финта успеа од игра да исфрли дури тројца противнички играчи кои се обидуваа да го изблокираат, а на крајот топката заврши во голот на гостите. Овој погодок може да го видите ТУКА.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 77 минута кога за 2:0 погоди Рахмани. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 66 минута и одигра речиси половина час од овој меч.