14.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Наполи ќе го купи најдобриот играч на ПСВ Ајндховен

Италијанскиот првак Наполи постигна договор со Ноа Ланг за личните услови на трансферот, објавија медиумите на Апенините. Италијанскиот клуб е блиску до целосен договор со ПСВ Ајндховен за крилниот напаѓач, со потенцијална трансферна сума од околу 28 милиони евра.


Подготвениот договор за холандскиот репрезентативец е на пет години, со плата од 2,5 милиони евра по сезона.

Наполи, кој сака да донесе двајца играчи на крилните позиции, има на радар и други фудбалери, Џејдон Санчо (Манчестер јунајтед), Федерико Кјеза (Ливерпул) и Дан Ндои (Болоња). Клубот преговара и со Болоња за дефанзивецот Сам Бојкема.

Во однос на нападот, Наполи продолжува да преговара со Ливерпул за Дарвин Нуњес. Цената е висока, околу 65 милиони евра, плус бонуси. Алтернатива е Лоренцо Лука од Удинезе, кој би чинел околу 35 милиони евра со бонуси. Се смета дека и самиот Нуњес ја преферира опцијата да игра за тимот на Антонио Конте.

- Оглас -

Најнови вести