11.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Наполи конечно ќе победи на гостински терен?

3001 Лече – Наполи (18.30 часот)

Наполи немаше многу време да се радува на победата над Интер, има гостување на јадранскиот брег во јужниот дел на Италија. Наполитанците се лидери на табелата, имаат дури 12 бода повеќе од Лече, кој има само една победа по првите осум кола во Серија А. Првакот е осакатен со повредите на Мерет, Лукаку, Де Бројне, Лоботка, Хојлунд, Рахмани. Традицијата вели дека ќе нема многу голови, последните три меѓусебни дуели им беа со 0-1 гол. Лече од 2023 нема дадено гол против Наполи, а и тогаш кога даде, загуби. Наполи бара прекин на серијата од четири гостински порази по ред во сите натпреварувања.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)

 

2831 Ајнтрахт – Б. Дортмунд (18.30 часот)

Ждрепката сакаше овие тимови да се судрат во Купот уште во 16-финалето. Се игра еден меч, а предност на Ајнтрахт е што се игра во Франкфурт, но Борусија има добри резултати на гостински терен, сезонава на гости загуби само од Баерн. Дортмунд на последните 12 гостувања кај Ајнтрахт секогаш примаше гол. Прашање е дали ќе се калкулира со составите, какви им се амбициите во Купот и кој тим има подобри резерви, затоа подобро да се игра на голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1921 Тун – Винтертур (20.30 часот)

Тун е прв, а Винтертур последен на табелата во швајцарскиот фудбалски шампионат и тука чудо би било ако домашните не победат. Ова делува како зицер за секој обложувач кој планира да уплати денеска. Тун има серија од три победи по ред, во просек дава по два гола на меч, а Винтертур нема победа и има само три бода во досегашните 10 кола во кои прими 30 гола. Но, традицијата е на страна на гостите, Тун дома не победил против Винтертур 15 години, а последен пат се сретнале во 2022 година.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.87)

 

3002 Аталанта – Милан (20.45 часот)

Аталанта е единствен тим без пораз во Серија А сезонава, но има дури шест ремија во осум кола, во претходните четири кола играше нерешено со 0-2 гола. Милан има само еден пораз сезонава, а Росонерите имаат две ремија во последните три кола. Милан е трет и има пет бода повеќе од Божицата од Бергамо. Милан е без Пулишиќ и Рабио. На последните четири нивни дуели во Бергамо, секогаш двата тима даваа гол. Милан пред четири години последен пат победи на ова гостување во соседството.

Предлог тип: Х било кога (1.79)

 

6713 Франција ж. – Германија ж. (21.10 часот)

Ова е реванш од полуфиналето во елитната Лига на нации за жени. Првиот меч пред четири дена го добија Германките со 1-0, па двата тима се надеваат на финале во кое веројатно ќе се сретнат со Шпанија. Овие селекции се сретнаа и во четвртфиналето на Европското првенство во јули, тогаш во регуларниот дел беше 1-1, на пенали славеа Германките. Последната победа на Французинките над Германија беше во февруари 2024, во полуфиналето на ланската Лига на нации. Тогаш беше 2-1, а сега ако се повтори тоа, ќе има пенали.

Предлог тип: Т1 2+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести