Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас играше 75 минути во победата на Наполи против Болоња од 3-0. Ова беше рутински триумф на Наполи, кој по десет кола сезонава во Серија А, има 28 бода од можни 30 и заедно со Милан се на делба на врвот, со тоа што Наполитанците се први поради подобрата гол-разлика.
Фабијан Руиз даде убав гол за 1-0 по асистенција на Елмас, а другите два гола ги даде Лоренцо Инсиње од пенали.
Наполи сезонава има примено само три гола, сите други имаат 9 или повеќе. И пред четири сезони Наполи газеше на стартот и освои 28 бода по 10 кола, но тогаш остана без Скудетото.