35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Наполи одбил 30 милиони евра од Лајпциг за купување на Елмас

Германскиот бундеслигаш Лајпциг сака да го купи Елиф Елмас до крајот на овој преоден рок. Екипата која одлично ја почна сезоната во Германија и го освои Суперкупот победувајќи го Баерн во Минхен со 3:0 е подготвена да плати 30 милиони евра за откупување на договорот на Елмас од Наполи.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Ларуентис, ја одбил оваа понуда од Лајпциг. Елмас има договор со Наполи до јуни 2025 година, но според последните информации, тој уште не е сигурен дали сака да ја продолжи соработката со калчолигашот во кој нема загарантирано место во стартниот состав.

- Оглас -

Најнови вести