Наполи продава уште една ѕвезда во Кина?

Ако не се случи до утре, во јули речиси е сигурно – Дрис Мертенс од Наполи ќе се пресели на далечниот Исток, кинеските клубови имаат еден услов да ги добијат услугите на одличниот Белгиец.

Нема да биде изненадување доколку Мертенс се одлучи да го следи Марек Хамшик, па и тој да игра во кинеската Суперлига. Цената за него е 28 милиони евра, колку што е откупната клаузула, „ситна пара“ ако се земат предвид енормните трансфери во последниве неколку години.

Мертенс во мај ќе наполни 32 години, од Наполи сметаат дека го достигна врвот на својот потенцијал, па сакаат да заработат од негова евентуална продажба додека можат. Засега неименувани кинески клубови и во претходниот преоден рок се обидуваа да го ангажираат искусниот белгиски офанзивец, но Карло Анчелоти не сакаше да се откаже од него без да го проба во својот систем.

Преодниот рок во Кина трае до утре навечер, додека следниот започнува од први јули, атак засега не е најавен за потписот на Мертенс, но ќе се бие жестока битка налето, тоа е сигурно.

 

 

- Оглас -

Најнови вести