Екипата на Наполи продолжува со фантастичните игри сезонава, вечерва оствари нов триумф во Лигата на шампионите и израмни рекорд во елитното натпреварување.
Наполи со победата од 4:2 над Ајакс, по четири кола има четири триумфи и импресивна гол-разлика од 17:4 и веќе си обезбеди пласман во осминафиналето.
Наполи во двата дуела со Ајакс има импресивна гол-разлика од 10:3 (6:1,4:2), во првото коло го совлада Ливерпул со 4:0, а во второто му даде три гола на Ренџерс, со што го израмни рекордот на ПСЖ за најмногу постигнати голови по четири кола во групната фаза во ЛШ.
ПСЖ во сезоната 2017/18 по четири кола имаше неверојатна гол-разлика од 17:0. „Светците“ тогаш сезоната ја започнаа со гостински триумф од 5:0 против Селтик, а во второто коло со 3:0 го совладаа Баерн Минхен, по што следуваа два дуели со Андерлехт, во кои оствари победи од 4:0 и 5:0.
Токму ПСЖ е сопственик на рекордот во ЛШ за најмногу постигнати голови во групната фаза, Светците во таа сезона на шесте натпревари дадоа дури 25 гола и примија само 4.
Како една од причините за одличните резултати на Наполи сезонава, е фантастичниот Квича Кварацкелија, кој сезонава во сите натпреварувања учествувал во 12 гола на Наполи. Грузиецот во 12 натпревари сезонава има постигнато шест гола и има уште шест асистенции.