Наполи во финишот остана без победа, Интер има отворен пат до врвот (Видео)

Лидерот на табелата во Серија А, Наполи, не успеа да победи на гостувањето кај Лацио, иако до такво нешто го делеа само неколку минути. Наполи до 87-мата минута имаше водство од 1-2, но домашните се спасија од пораз.

Лацио поведе преку Исаксен во шесттата минута, но Наполи направи пресврт со голот на Распадори и автоголот на Марушиќ. Голот за реми беше дело на Диа.

Наполи останува прв со 56 бода, два повеќе од Интер, кој треба да му гостува на Јувентус и со победа ќе се искачи на врвот од табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести