Наполи беше подобар од Торино со 2-0, а триумфот беше обезбеден уште во првите 13 минути од средбата, кога погодија Бакајоко и Осимен. Елиф Елмас во игра влезе во 85-тата минута.
По оваа победа, Наполитанците се израмнија по бројот на бодови со третиот Милан и петтиот Јувентус, па трката за местата во Лигата на шампионите ќе биде жестока до крај. Лоренцо Инсиње стана петти играч во историјата на Наполи со 300 настапи. Рекордер е Марек Хамшик со 408. Наполи на 21 меч по ред дава гол и тоа е негова најдолга серија од 1975 година наваму.