Наполи одигра одлично дерби против Аталанта и го совлада ривалот со 3-1, се искачи на врвот на табелата и го префрли притисокот врз другите тимови кои своите натпревари ги играат во наредните денови, пред сѐ големото дерби меѓу Интер и Милан.
Резултатот беше отворен во 17-та минута кога Давид Нерес го постигна првиот гол. Истиот играч повторно се запиша на листата на стрелци во 38-та минута, а пред крајот на полувремето Ланг зголеми на 3-0.
Во второто полувреме Аталанта успеа да намали преку Скамака, но до целосен пресврт не дојде.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пред дуелот доби плакета за својот 200-то настап за Наполи, а потоа влезе на терен во 68-та минута на местото на Ланг.
Со оваа победа, Наполи е лидер во Серија А со 25 бода, пред Интер, Рома и Болоња со по 24, а Милан следи со 22 бода.

