9.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Наредија пет порази од пет меча и гол разлика од минус 22, но уште имаат шанса за место на СП 2026

Молдавија ги загуби сите пет натпревари во квалификациите за Светското првенство, а синоќа буквални беа понижени откако загубија со 1:11 од Норвешка. По пет меча, Молдавија е без ниту еден бод и вкупна гол-разлика од -22.

Со овие резултати Молдавија е на дното од својата група и јасно е дека преку квалификациите немаат никаква шанса за место на СП 2026. Сепак, оваа репрезентација може да избори место во плејофот за да оди на Светското првенство, и тоа благодарение на правилата на Лигата на нациите на УЕФА.

Во претходниот циклус на Лигата на нациите, Молдавците ја освоија групата во најслабата дивизија Д, оставајќи ги зад себе Малта и Андора. Според системот на натпреварување, победниците на групите во Лигата на нациите добиваат дополнителна шанса преку плејофот, доколку не се квалификуваат директно за Евро или за Светското првенство.

Молдавија сè уште не е автоматски во плејофот, но има многу добри шанси. Клучот е во тоа што во плејофот влегуваат само толку победници на групи колку што има преостанати места откако ќе се провери колку екипи од повисоките дивизии (А, Б и Ц) се квалификувале директно за првенството или обезбедиле место во баражот како второпласирани.

Како по правило, повеќето од победниците од посилните дивизии обезбедуваат пласман преку редовни квалификации, што отвора простор за победникот од Дивизија Д. Во пракса ова значи дека Молдавците иако се без бодови и со огромна негативна гол-разлика, имаат реална шанса да играат дополнителни квалификации за Светското првенство.

Овој систем предизвикува критики бидејќи покажува парадокс во кој репрезентација без ниту еден бод во квалификациите може да остане во игра за пласман во најголемото фудбалско натпреварување. Сè погласно се поставува прашањето дали УЕФА ќе мора да го промени форматот за да се избегнат вакви ситуации.

Табела

- Оглас -

Најнови вести