Познатата авионска компанија „Рајан ер“, на италијанската верзија на профилот на „Твитер“, се пошегува со случувањата на синоќешниот меч Јувентус – Салернитана, кога на Јуве му беше поништен гол за победа поради наводен офсајд, а офсајд немаше, иако се прегледуваше и снимка во ВАР собата.
После грешката на судиите, од „Рајан ер“ порачаа: Нашите авиони се посигурни од ВАР“.