Дали е ова најлошата ВАР одлука во историјата поради која Јувентус не победи? (Видео)

Не стивнуваат реакциите по дуелот Јувентус – Салернитана кој заврши 2:2, а домаќините се револтирани затоа што не победија. Старата дама даде гол за 3:2 во 90+5 минута, но по реакција од ВАР собата, беше досуден офсајд.

Бонучи кој беше во петерецот се обиде со глава да ја удри топката, не стигна и таа заврши во мрежата по ударот на Милик. Сепак судијата одлучи дека имало офсајд затоа што Бонучи сакал да игра, а според фотографијата коај судиите ја гледаа, фудбалерот на Јувентус со ногата се наоѓа во офсајд позиција.

Сепак, дали е тоа таа фотографија која судиите требаа да ја гледаат за да одлучат дали е офсајд? На широка фотографија, на која се гледа и моментот кога е изведен корнерот, може да се забележи дека гостинскиот играч Кандрева стои најблиску до гол-аут линијата, што значи дека Бонучи не бил во офсајд, односно дека гостинскиот играч и со ногата е во дозволена позиција.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше многу лут поради оваа одлука, па дури доби и црвен картон, а по мечот беше многу посмирен во коментарите.

„Никогаш не зборувам со судиите по мечот. Голот беше поништен и тоа е факт. Единствено што сакам да видам е дали Антонио Кандрева е поблиску затоа што на видеото кое покажуваше офсајд тоа не се виде. Што ако тој е во позиција која го прави бонучи да е во дозволена ситуација?“, рече Алегри веднаш по мечот и најверојатно дека тренерот на Јувентус беше во право затоа што Кандрева бил на 2,90 метри од гол-аут линијата, а Бонучи бил на 3,52 метри што значи дека дури половина метро е во дозволена ситуација.

- Оглас -

Најнови вести