Дополнителни дефанзивни проблени за Нико Ковач создаде тешката повреда на Никлас Зиле. Дваесет и четиригодишниот Германец ги оштети вкрстените лигаменти на коленото, по што му следува долга пауза и нема да се појави на терените најдоцна до април 2020 година.
Фактот што Зиле ќе биде отсутен дури шест месеци, го стави германскиот шампион во позиција да мора да пазари нов дефанзивец во јануарскиот преоден рок. Дали тоа ќе биде само привремено решение, односно позајмица или пак ќе се трошат средства на адекватна замена, засега останува непознато.
Зиле се повреди во вчерашното реми на Баерн против Аугсбург со 2-2, а тешката повреда се случи во ситуација кога Германецот не беше во контакт со противник, туку едноставно почувствува болка во коленото и легна на тревата.
Инаку Баерн оваа сезона има доста проблеми со одбраната. На осум првенствени меча примија 10 погодоци, така што е логично да се трага по нов дефанзивец.