Натпревар од српското првенство заврши после 10 дена, но повторно со инциденти (Видео)

Натпреварот помеѓу Чукарички и Партизан конечно го доби својот епилог. Тој е победа за домашните од 1-0, со што е затворен првиот дел од српското првенство. Дуелот започна на 11-ти Април, но тогаш беше прекинат поради дивеењето на навивачите на Партизан, “Гробари“.

После многу натегања, натпреварот се доигра денес, но повторно со многу инциденти. На стадионот беше забранет влез на навивачите, но затоа на сцена стапи обезбедувањето на домашната екипа и фудбалерите на Партизан, кои имаа физичка пресметка.

https://twitter.com/PartizanNet/status/1649114211404873747?s=20

Партизан ја игра една од најлошите сезони од расподот на Југославија. “Црно-белите“ од Белград првиот дел од првенството го завршија на катастрофалното четврто место за нив, позади Црвена Sвезда, ТСЦ и Чукарички.

Србија оваа сезона има две места во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести