Натпревар во Украина се играше речиси пет часа, а беше постигнат само еден погодок

Екипите на Днипро и Олександрија го одиграа најдолгиот натпревар во украинската лига откако нивниот дуел започна во 17 часот, а заврши пред 22 часот. Натпреварите во Украина се играат без гледачи, но според правилата кога ќе се огласат сирените за воздушен напад, натпреварот мора да биде прекинат и сите да се засолнат.

Натпреварот неколку пати беше прекинуван од оваа причина, но иако мечот траеше речиси пет часа, беше постигнат само еден погодок за победа на домашните од 1-0, а беше дело на Александар Филипов во 34-тата минута.

Днипро со оваа победа се искачи на делба на првата позиција заедно со екипата на Кривбас, со по 27 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести