Париз се подготвува за Летните олимписки игри на кои ќе биде домаќин ова лето и тоа од 16 јули до 11 август. Најголем дел од спортовите кои ќе бидат дел од ова натпреварување ќе бидат во Париз, друг дел во некој делови од Франција, а ако сакате да гледате сурфање на ЛОИ 2024 година, ќе мора да отпатувате 16.000 километри подалеку од Париз.
Сурфањето дебитираше на ЛОИ во Токио пред три години, а сега организаторот на Игрите во Париз реши натпреварувањето во овој спорт да не биде во некој од градовите кои искачаат на Атланскиот океан или Средоземното море. Домаќин на ова натпреварување ќе биде Француска полинезија која е на јужниот дел од Пацификот.
На ЛОИ во Париз ќе бидат застапени вкупно 32 спортови во машка и женска конкуренција, а ќе има вкупно 329 натпреварувања.