Навивач доби условна затворска казна од една година поради навреди кон Винисиус јуниор

Навивач на шпанскиот прволигаш Мајорка доби една година условна затворска казна поради расистички навреди упатени кон фудбалерите на Реал Мадрид, Винисиус јуниор и ексиграчот на Вилјареал, Самуел Чукведзе.

Двата клуба го посочија истиот навивач на Мајорка како главен кој ги навредувал црномурните фудбалери. Судот во Мајорка одлучи дека навивачот треба да добие едногодишна условна затворска казна која ќе се активира ако повторно направи некаков испад. Освен тоа, навивачот на Мајорка нема да смее да влезе на ниту еден стадион во Шпанија во следните три години.

„Затворската казна е ублажена откако навивачот му се извинил на Винисиус и покажал жалење поради тоа што го направил. Тој беше вклучен во програмата за Еднаквост и борба против дискриминацијата. Ова е трето осудено лице во изминативе неколку месеци поради расизам“, стои во изјавата од Реал Мадрид, чиј играч Винисиус стана симбол за борба против расизмот во Шпанија.

Уште еден навивач, и тоа малолетен, кој во април оваа година го навредувал Аурелиен Чуамени, добил забрана за влез на стадионот во следните 12 месеци, а плус платил и парична казна.

- Оглас -

Најнови вести