Фудбалерите на Евертон убедливо со 4:0 го победија Динамо Киев во пријателски меч на „Гудисон Парк“, а најинтересниот момент се случи на крајот од средбата. Се играше 90-тата минута кога беше досуден пенал за Евертон, а во игра кај домаќините влезе Пол Стратон.
Ова име не е познато во светот на фудбалот, а тоа е нормално затоа што се работи за навивач на Евертон. Челниците на Евертон речија да му дадат шанса на Стратон да заигра за својот омилен клуб, дури и да постигне гол од пенал, како почит за хуманоста на навивачот.
Во изминатиов период, Стратон дури три пати патувал во Полска за да им помогне на бегалците од Украина и сите оние кои мораа да си заминат од своите домови поради агресијата на Русија.